Загинатиот Наим Реџепи не бил во партиското седиште на ДУИ пред инцидентот, но таму биле други припадници на кумановскиот огранок

by Фокус

Наим Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ загина во денешната престрелка во тетовска Мала Речица меѓу две група на членови на албанската владејачка партија од Куманово.

Како што веќе објави Фокус, тој и другите учесници во инциндентот не биле во партиското седиште, но таму биле присутни нивни познаници и приврзаници, со кои биле во комуникација.

Неофицијално, причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски фунцкионер, а другата се поврзува со актуелен член на Советот на Општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на интегративците.

Поврзани новости