Загина возач на цистерна кој добил срцев удар додека возел

by fokus

При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загина возачот М.Б., објави порталот Делчево 365.

Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за извртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото. По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година.

Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејки товарот кој го носела бил лесно запаллив и можеле да настанат посериозни последици. На лице место на настанот излегла и екипа на ПО од ОН Делчево која допрва ќе утврдува дали имало и други причини за настаната сообраќајна несреќа.

Поврзани новости