Загина битолчанец при удар од воз

by fokus

Битолчанец на 56 годишна возраст загина откако утринава во возилото што тој го управувал удрил патнички воз на железничката пруга Битола – Скопје. Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.

Поврзани новости