Заев за „Мета“: Нема преговори со власта!

by Фокус

Нема никакви преговори помеѓу власта и опозицијата, изјавил лидерот на СДСМ, Зоран Заев за новинската агенција „Мета“.

– Што сакате да направите? СДСМ повеќепати изјави дека нема никакви преговори, ниту разговори меѓу власта и опозицијата. Нашите ставови се јасни. Без да се прифатат сите пет барања, ние нема да преговараме со никого – изјавил Заев за „Мета“.

Во петокот, 21 ноември, дописничката на „Мета“ од Штип и новинарка во радиото „Канал 77“, објави информација дека лидерот на СДСМ потврдил дека има преговори.

„Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и белгиецот Петер Ванхут, кој повторно е во Македонија. Следните часови се клучни во преговорите, кои, според најавите на лидерот на СДСМ, би требало да финишираат најдоцна утре (сабота, 22 ноември). Неизвесно е дали апсењето на поранешниот охридски градоначалник од редовите на СДСМ, ќе влијае врз текот на преговорите“, објави радиото „Канал 77“.

Поврзани новости