Заев: Уставниот суд не смее да се дрзне да го укине СЈО

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за „Канал 77” вели оти не се плаши дека Уставниот суд би пожел да го укине Специјалното јавно обвинителство, бидејќи верува оти народот нема да му го дозволи тоа.

– Не сакам ни да помислам дека Уставниот суд ќе го укине Специјалното јавно обвинителство или некои делови од законот, затоа што секој нормален човек знае дека со тоа ќе го истури целиот бес на народот по улици- вели Заев.

 Тој додава дека ако Уставниот суд „се дрзне“ на ваков чекор, тоа да го направи пред Собранието да се распушти.

– Еднаш кога Собранието ќе биде распуштено, не може да се враќа назад – вели Заев.

На прашањето, што доколку тоа се случи и Специјалното јавно обвинителство со одлука на Уставниот суд, во услови на распуштено Собрание, престане да постои, Заев е дециден дека нема да седне повеќе на преговарачката маса.

– Една работа треба да знаат, јас да седнам повторно на зелена маса, да преговарам за избори? Тоа нема да случи. Нека го промени СДСМ својот лидер ако треба, јас повеќе не седнувам. Имав трпение до небото, покажав нерви во целиот овој случај – посочи Заев.

Поврзани новости