Заев: Убаво е што има дебата за пратеничките листи

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека убаво е што се развила дебата за пратеничките листи на СДСМ, бидејќи токму за различност и дебата се бореле.

-На нашите листи има и поранешни пратеници и нови пратеници. Нашите листи се авангарда во ова современо живеење, проткаени се со многу независни пратеници. Нашата цел беше да се отвори дебата и еве се отвори дебата за тие листи. Ние ги повикавме сите кои што навремено, порано покасно и дополнително ќе се одважат против режимот и сите се добредојдени да соработуваат со нас, рече Заев.

Лидерот на опозицијата истакна дека со мерките кои ги предлагаат како зголемување на социјалната помош, правичното оданочување, повраток на 15 отсто од данокот за додадена вредност целта е побогати граѓани и намалување на социјалните разлики во Македонија.

Поврзани новости