Заев: Три позиции се веќе отклонети во преговарачкиот процес, доколку се најде решение ќе оди на референдум

by fokus

Три од седум позиции во преговарачкиот процес се веќе отклонети, изјави премеирот Зоран Заев, по вчерашната седумчасовна средба меѓу шефовите на македонската и на грчката дипломатија. Тоа според него практично значи дека речиси половина од точките по кои се преговара се затворени.

-Вчера почна преговарачкиот процес, а до сега двете страни ги презентираа позициите. Имаше образложување на суштината на позициите на двете страни со обид за меѓусебно разбирање. Важно е  да се гради доверба во функција на решавање на проблемот. Драго ми е што се разглобени сите прашања, ако тргнеме од седум позиции кои беа појдовни точки тоа е веќе намалено на четри позиции. Три се отклонети. Со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции. Уште еднаш да потенцирам, Република Македонија сака решение, се обидуваме да градиме внатрешен консензус и оптимисти сме во изнаоѓање на решение – изјави денеска Заев.

Премиерот останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки. Според Заев, доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум.

Поврзани новости