Заев спрема документи за преговори со Ахмети

by fokus

Зоран Заев ги подготвува писмените материјали, што лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера му ги побара како гаранција за старт на преговори за коалиција.

Иако се жали дека Ахмети не им барал никакви докази на ВМРО-ДПМНЕ, Заев порача дека ќе имаат сериозен пристап во преговорите, потенцирајќи дека „трпението на СДСМ има црвени линии.”

Од ДУИ пак, велат дека и досега и отсега расправале само врз основа на пишани докуменит.

Наредните денови, СДСМ ќе почне со подготовка на нацрт текстот на материјалите, кои доколку се обезбеди мнозинство за состав на влада, ќе се преточат во владина програма.

Поврзани новости