Заев: Сите општини се еднакво важни и парите ќе се распределат рамномерно

Сите општини се еднакво важни и парите рамномерно ќе биде распределени, еднакво насекаде во државата, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев од митингот од Македонски Брод.

-Oвој наш прекрасен регион може поинаку, може подобро да донесе живот за сите. Затоа го имате Живко за живот во Македонски Брод. Дојдов прво да го дадам зборот дека ќе ја имате целата моја поддршка, поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот за сите проекти коишто се однесуваат на квалитетна инфраструктура, поврзување со Македонски Брод и квалитетен живот за сите граѓани на Македонски Брод, рече Заев.