Заев: Сега нека не казнат сите што фарбавме

by fokus

На денешниот протест на Шарената револуција се придружија и функционерите на СДСМ, како и на други помали политички партии. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев фрлаше балони со боја врз Министерството за правда.

-Сега нека не казнат сите. Сите ќе одговараме за фарбање на зградите на државните институции. И мене и Фиат Цаноски и Билјана и Самка… сите претседатели на партии и сите илијадници граѓани потписници на списоците кои вечерва се правеа. Влегуваме во финале. Ова веќе конечно мора да заврши, изјави Заев откако повторно беше обоено Министерството за правда.

Поврзани новости