Заев: Се потврди дека Израел не дал донација во пари за Македонија

by Фокус

-Израел, како и многу други земји, донациите ги дава пред се во знаење и во опрема. Финансиските донации не се познати за Израел, што само уште еднаш се потврдува дека провизијата, финансиите кои што легнуваат на сметка се апсолутно надвор од секаков вид на законите работење на поеднинци од Република Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Силван Шалом и со вториот човек на израелската разузнавачка служба Мосад.

Заев додаде дека во Израел информирани се целосно за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и она што допираше до државата Израел.

Израелскиот вицепремиер Шалом рече дека многу е важна средбата меѓу целото раководство на Израел и раководството на Македонија, вклучително и власта и опозицијата, како и дека двете земји ќе работат на унапредување на билатералните односи.

Поврзани новости