Заев се надева дека договорот со Бугарија ќе се потпише до 1 август

by Fokus

Премиерот Зоран Заев вели дека договорот со Бугарија би можел да биде потпишан на 1 август, и тоа во Црна Гора, каде Македонија ќе биде ко-домаќин на самитот на кој главен гостин ќе биде потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Тој очекува дотогаш да бидат надминати сите дилеми и прашања кои ги загрижуваат политичките чинители во земјава.

– Сè додека не се стави потпис на договорот, сите опции се отворени. Договорот за добрососедски односи со Бугарија успешно ја заврши конститутивната фаза на денешната Комисија за надворешни работи. Тука ги слушнавме сите грижи околу него, но и позитивни ефекти. Нашата желба е да го потпишеме овој договор, но ниту еден поединец не одлучува туку парламентот“, додаде тој.

Според премиерот, двете држави ќе работат заедно за националните интереси и за европската интеграција.

„Можам да потенцирам дека нема дилеми дека се работи за две држави и за два народи. На овој начин отвораме перспектива на градење добри односи со соседите и стануваме пример за соработка во регионот. Ретки се овие случаи на договор помеѓу две држави кои се договараат сами, а притоа да не одлучуваат политички ‘тешкаши’“, рече Заев.

Поврзани новости