Заев: СДСМ ќе победи на локалните избори!

by Фокус

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е фаворит на локалните избори. Граѓаните ги препознаа новите политики, новите вредности, кои носат повисок животен стандард, повеќе пари кај граѓаните, професионални и независни институции. Со победата на СДСМ на локалните избори, почнатиот процес на реформи ќе продолжи и на локално ниво. Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на седницата на партискиот Централен одбор.

-Општините ќе работат за граѓаните. Решавањето на нивните проблеми на локално ниво ќе станат реалност. Македонија ќе оди напред како едно општество за сите – потенцираше Заев, додавајќи дека СДСМ останува отворена за можен коалиционен настапна локалните избори со други политички партии врз основа на принципи и вредности коишто ги штитат граѓанските и државните интереси.

Инаку, ЦО на СДСМ го избра Миле Зечевиќ за Шеф на Изборниот штаб, кој беше реизбран и како Организационен секретар на партијата, а Дејан Павлески е избран за претседател на Комисијата за изработка на програмата за локалните избори.

Поврзани новости