Заев предложи Владата времено да го преземе управувањето со цврстиот отпад

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со градоначалниците од државата предложи Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад.

-Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија, рече Заев.

Како што објасни ресорниот министер Дураки општините првично треба да донесат одлука за делегрирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депонии кои се утврдени со физибилити студии да се прифатат од страна на општините како што се утврдени.

Решенија за надминување на проблемите при справувањето со отпад разгледуваа на денешната средба градоначалниците од целата држава со премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Дураки.

Поврзани новости