Заев потврди дека Обрадовиќ е еден од кандидатите за директор на ЕЛЕМ

by Fokus

Ексдиректорот на Електростопанството на Србија Александар Обрадовиќ е кандидат за директор на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), државното претпријатие за производство на струја, потврди  денеска премиерот Зоран Заев. Обрадовиќ минатиот месец по скратена постапка доби државјанство од македонската влада.

„Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи дека по автоматизам ќе биде директор или не. Да, и тој е еден од опциите за директор во ЕЛЕМ. Но, ние сѐ уште не знаеме кој од политички субјекти, дали домашните експерти ќе преземе одговорност врз која институција. Преуранета е дебатата кој каде ќе биде директор“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со македонските бизнисмени од Сојузот на стопанските комори.

Поврзани новости