Заев: Политичарите да стојат подалеку од судството

by Fokus

Не е моја работа, ниту на кој било друг политичар да се меша во реформите во судството, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изборот на нов државен јавен обвинител.

– Верувам дека стручни луѓе ќе ги носат на свои плеќи реформите. Ние политичарите треба да бидеме малку подалеку од тоа, освен да го држиме кормилото за конечната цел да биде независно правосудство. Верувам и дека се консултираат меѓународните организации, дека сениорската група предводена од Прибе ќе има значјно влијание во овој процес пред се преку пренесување на искуствата, но на крајот, институциите се тие што ќе носат одлуки – истакна Заев.

Поврзани новости