Заев од Трст: Македонија е голем добитник од овој Самит

by fokus

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Трст во ијзава за медиумите кажа дека е потребна соработка за да напредува регионот.

-Јас сум многу среќен заради тоа што сите овие состаноци кои што овде се одржуваат, оставаат сериозен впечаток дека има одлична европска перспектива Република Македонија и за регионот на Западен Балкан. Пораките што овде ги добиваме, а и што ние ги испраќаме, дека ќе го поддржиме целиот овој процес, ќе соработуваме за да може да напредува регионот, секако сам за себе, но и за перспективите кон Европската Унија. Состаноците коишто овде се држат, не само што ќе ја зголемат комуникативноста, поврзувањето, транспортот, соработката, економијата, помеѓу сите овие земји, јас верувам дека ќе испратат дополнително силен сигнал кон европските институции, фокусот на Европа сè повеќе да биде насочен кон самиот регион, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има нешто конкретно од договорот, затоа што Хан имаше изјава за Дојче Веле за Коридорот 8 и со колку пари ќе се затвори, Заев одговори дека ќе остави до крајот на Самитот за да бидат објавени точните цифри.

-Но, Македонија е голем добитник од овој Самит. Процесите што денеска треба да бидат објавени како резултат во делот на конкретна поддршка за изградба на инфраструктура, се многу значајни за идните економски, и пред сè за севкупните перспективи на поврзување на Република Македонија во регионот и во Европа, рече Заев.

Поврзани новости