Заев очекува екстрадиција на Грујевски и Бошкоски од Грција

by Фокус

Не очекувам поради политички причини да биде попречена екстрадицијата на Горан Грујевски и на Никола Бошкоски од Грција во Македонија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Драчево.

„Не очекувам да се јави политичка причина за да се спроведе меѓународното право. Македонија има склучено вакви договори со Грција. И во минатото, со преходната власт, Македонија немаше проблем во сите други аспекти, освен проблемот со името. Навистина имаме соработка со Грција од секој можен аспект. Министерствата за внатрешни работи и за правда соработуват и верувам ќе покажат соработка на дело, бидејќи тие се надлежни. Искрено не очекувам потреба од каква било политичка интервенција затоа што се работи за две соседни земји кои се пријатели. Опстојува еден горлив политички проблем кој верувам во периодот пред нас ќе го решиме заедно – рече Заев.

Грујевски и Бошкоски, кои се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“, беа упасени од грчката полиција на 18 октомври при обид со лажни бугарски пасоши од аеродромот во Солун да заминат за Будимпешта.

Поврзани новости