Заев: Нимиц треба да го одреди датумот за средбата на преговарачите

by Fokus

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц треба да го закаже конечниот датум на средбата меѓу претставниците на Македонија и на Грција во Њујорк, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со одложената рунда разговори што беше најавена за почетокот на наредната недела.

– Јас споделив информација при посета во странство. Транспарентни сме, го кажав тоа што го имав. Состанокот го закажува Метју Нимиц. Уште вечерта истиот ден ми стигна информација дека е одложен, веројатно од некој од претставниците кои учествуваат во тимот. Средбата е замислена со цел медијаторот Нимиц, кој е нејзијн организатор, да се  види со преговарачките тимови, не  е на политичко ниво на министри, премиери, претседатели на држави и слично. Затоа ќе очекуваме тој да ги потврди конечните датуми – рече Заев.

 

Поврзани новости