Заев: Нема да има амнестија за криминалот

by fokus

Нема амнестија на криминал, ниту нови парламентарни избори – Груевски мора да ја предаде власта порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за телевизија 24.

Тој додаде дека за многу кусо време ќе се преземат чекори за да се избере претседател на собранието, но се ќе биде во согласност со Уставот и Деловникот на Собранието.

Заев рече дека се надева дека од понеделник Хојт Ји ќе биде пречекан од нов претседател на Собранието.

Поврзани новости