Заев: Не знаеме дали Груевски е во бегство или не

by fokus

Не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Заев уште еднаш повтори дека власта нема намера да се меша во правосудниот систем и апелира институциите да се остават да си ја завршат својата работа.

-Полицијата немаше никакво право без упатен акт да ја попречи слободата на Груевски, ниту да му се доближи, да го следи или нешто да применува. За тоа мора да постојат судски наредби, напомена Заев на прашањето во кого ја лоцира одговорноста за тоа што Груевски се уште не е најден.

Заев истакна дека не може да каже кој е одговорен зашто, како што рече, сите институции постапуваат како што се постапувало до сега.

Поврзани новости