Заев на средба со Хан и на вечера кај Могерини

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, ќе има билатерална средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, на маргините од годинешното Генерално собрание на ОН. Во неговата агенда е придвидено и да присуствува на вечерата што ја приредува Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.

Во рамките на активностите за време на годинешното Генерално собрание на ОН, Заев денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.

Шефот на владината делегација во Њујорк, премиерот Заев, ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска, по повод 25 годишнината од членството на оваа земја во ОН.

Поврзани новости