Заев на прием кај Трамп

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Њујорк ќе присуствува на приемот на која домаќин е претседателот на САД, Доналд Трамп.

За време на Генералното Собрание на Обединетите нации, Заев денеска ќе отстави средба со неколку дипломати како: премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, првиот потпретседател на Европска комисија, Франс Тимерманс и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Освен на приемот кај Трамп, Заев ќе присуствува и на прием во организација на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Премиерот ќе има свое излагање на сесијата „Отвореното владино партнерство“, а ќе учествува и на тематските панели  „Глобален договор за животна средина” и „Реформи во Советот за човекови права“, со кои претседаваат претседателот на Франција, Емануел Макрон, потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, министерот за надворешни работи на Обединетото кралство Борис Џонсон и министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс.

Поврзани новости