Заев: Му благодарам на Верушевски за храброста и вистината за Македонија

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска говореше пред жителите на скопската населба Аеродром.

На почетокот на неговиот говор, Заев го поздрави поранешнот директор на УБК Зоран Верушевски.

-Сакам да го поздравам мојот пријател кој живее во близина. Зоран Верушевски. Ти благодарам на храброста и љубовта што ја имаше за својата земја. Ти благодарам за вистината за Македонија – рече Заев.

Тој и Верушевски, по објавувањето на „бомбите“, беа обвинети за насилство врз највисоките државни органи, а Верушевски помина неколку месеци во притвор.

Инаку, Заев вечерва уште еднаш го повика неговиот ривал Никола Груевски на ТВ Дуел. Тој ја обвини владејачката партија дека ги копира нивните идеи и лажно ветува повисока минимална плата.

Поврзани новости