Заев: МПЦ има улога на духовен водач кон општото добро

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски, основоположникот на Македонската духовност и црква. Во исто време во своето обраќање тој го честиташе големиот 50-годишен јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија.

-Тоа што денеска, на заокружувањето на полувековното постоење на патрониот празник на МПЦ – ОА сме сите овде, заедно, различни по различни видови убедувања, но исти во желбата и намерата да има спокоен и квалитетен живот за секој граѓанин на Република Македонија, е придонес на сите во оваа сала и во нашата држава. И јас, честитам за овој голем духовен исчекор со којшто може да се гордееме како достоинствени граѓани на нашата заедничка Република Македонија. Бидејќи, духовноста и вербата, почитувани граѓани и почитувани присутни, што би значеле тие, ако нема во реалноста помош едни на други, соработка едни со други, и определба за изградба на среќно општество во кое што има место за секој човек?! Секој кој верува во доброто, кој посакува добро и кој е подготвен да се вложи во доброто, е вграден во овие процеси. Тука свое место има и треба да има Македонската Православна Црква, пред се како духовен водач кон општото добро, рече Заев.

Поврзани новости