Заев: Милетиќ се бори против режимот и не бара ништо за возврат

by fokus

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев не гледа проблем во коалицирањето со лидерот на Српската напредна странка за Македонија Драгиша Милетиќ.

Заев денеска го бранеше Милетиќ дека се покајал и дека неговиот интерес бил „само рушење на режимот”. Според опозицискиот лидер, за коалицијата тој не побарал ниту функционерско место, ниту пак праничко место.

-Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење. Инаку уште еднаш ќе кажам дека овие дебати се повеќе од добредојдени- изјави денеска Заев.

Инаку, коалицијата со Милетиќ предизвика лавина од реакции и незадоволство кај членови на опозицијата и нивни привразаници, кои на социјалните мрежи јавно се оградуваа од одлуката на партијата. Тие се револтирани бидејќи Милетиќ го сметаат за  предавник на партијата кој му овозможи на Стевче Јакимовски да стане градоначалник со печат на неговата партија изигрувајќи ја опозицијата на локалните избори.

Поврзани новости