Заев: Мијалков побарал провизија од половина милион евра за набавка од опрема од Израел

by Фокус

Шефот на тајната полиција Сашо Мијалков бил вклучен во мега корупциски скандал со набавка на опрема за прислушување од Израел, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи ја 15-тата „бомба“.

– За да почне да преговара, Мијалков побарал од изреалецот провизија од половина милион евра – рече Заев.

Според него, коруптивната шема се одвивала така што парите патувале преку Русија и Унгарија, а зад се всушност стоел премиерот Никола Груевски.

Поврзани новости