Заев: Македонија веќе живее нова ера на слобода од режимот на Груевски

by fokus

СДСМ и коалицијата својот прв митинг во изборната кампања го одржаа во Демир Хисар, каде се обрати и претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев.

-Македонија оди напред! Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град. Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и совет во општините. Ова се избори на кои одлучуваме како ќе продолжиме. Граѓаните веќе избраа слобода, Македонија веќе живее нова ера на слобода од режимот на Никола Груевски. Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 19 за живот во општина Демир Хисар за сите, рече Заев.

Вечерва СДСМ главниот митинг ќе го одржи во Битола.

Поврзани новости