Заев: Македонија конечно има глас во Давос

by fokus

После повеќегодишна изолација, политичките лидери на Македонија и на регионот, повторно и заедно имаат свое присуство и глас на глобалната економска и политичка сцена, изјави премиерот Зоран Заев од Светскиот економски форум во Давос.

-Нашиот став тука е слушнат. Во сите работни средби кои ги имавме со министерот за надворешни работи, добивме силна поддршка за реформите што ги спроведуваме во Македонија. Политичките пријатели на Македонија и потенцијалните бизнис инвеститори ни упатија јасна порака: „Реформите се клучни за економски просперитет!”. Интеграцијата на Македонија надвор, реформите и економските мерки дома, се клучни за развој и за внатрешен напредок на нашата држава, вели Заев.

Светските лидери истакнале дека мора да се внимава на развојот на локалните заедници и да се вложува во вештините на луѓето.

Поврзани новости