Заев: Македонија го положи тестот за демократија и покажа како се гради консензус

by fokus

„Македонија денеска го положи тестот на демократијата и покажа како се гради консензус“, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на затворената седница на комисијата во законодавниот дом на која се дебатираше за нацрт – договорот за добрососедство со Бугарија.

Заев порача дека е прецизирано дека договорот е меѓу две држави и два народи.

„Ова ќе биде успех на сите претходни влади затоа што процесот е започнат уште во 2009 година. Оттогаш се одржани 10 заеднички комисии меѓу двете држави и сметаме дека е време да ги затвориме сите прашања од минатото. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски партии да дададат поддршка на нови односи кои ќе водат кон политика на пријателство и отварање на нови перспективи. Со потпишувањето на овој договор стануваме држава која решава проблеми, место држава која создаваше проблеми“, потенцираше Заев.

Комисијата беше затворена, а услов да се учествува на неа беше пратениците да се членови на Комисиите за надворешни работи и на Советот за евроинтеграции, но и да имаат безбедносни сертификати.

Поврзани новости