Заев кон Хан: Груевски го урнисал уставниот поредок на Македонија

by Фокус

Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на обвинителството, на судовите, местењето обвинителско – судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.

Ова, според соопштението од СДСМ, му го рекол опозицискиот лидер Зоран Заев на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и на евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав.

„СДСМ има законска и морална обврска вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел – враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата“, истакнал Заев пред гостинот од ЕУ.

Поврзани новости