Заев ќе се сретне со Ципрас на 24 јануари во Давос

by Фокус

Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.

„Алексис Ципрас ќе се сретне со премиерот на Скопје, Зоран Заев на 24 јануари, факт што ги потврдува информациите дека за време на средбата Коѕијас – Димтров во Солун, постоеше голем напредок. Според истите проверени информации и независно од тоа што се уште не постојат соопштенија, во швајцарското одморалиште, истиот ден ќе пристигнат и министрите за надворешни работи на двете земји“, пишува real.gr, пренесува МИА.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Поврзани новости