Заев ќе оди на прославата за годишнина од пучот во Турција?

by fokus

На настанот за одбележување на годишнината од „пучот“ во Турција ќе присуствуваат официјални претставници на Владата, изјави за НОВА ТВ портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на прашањето дали премиерот Зоран Заев ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од пучот во Турција.

Портпаролот не сакал да потврди дали премиерот ќе биде еден од претставниците на Владата на овој настан.

Денеска турската амбасадорка Тулин Еркал кара рече дека Анкара од новата влада ќе побара исполнување на барањата на Турција за затварање на организациите во Македонија зад кои според Анкара стои Фетула Ѓулен и откри дека на манифестациите за прослава на годишнина од пучот што ќе ги организира турската амбасада ќе присуствува и премиерот Заев.

Поврзани новости