Заев: Ќе објавиме записи за страшниот случај кај Смилковско Езеро

by Фокус

Ќе објавиме се што поседуваме  и за случајот „Монструм“, кога кај Смилковското Езеро беа убиени четири деца и еден возрасен човек, изјави лидерот на опзицијата. Зоран Заев во интервју за бугарската агенција „Фокус“.

-Ние ветивме дека ќе објавиме се што поседуваме. Ќе покажеме и материјали за случајот „Монструм“, кој е исклучително страшен случај во кој беа убиени четири деца и еден возрасен човек крај Смилсковското Езеро. Убиените се Македонци, а осудените се Албанци. Целата вистина што ја поседуваме за овој случај ќе ја објавиме, без разлика дали тоа ќе одговори на очекувањата на дел од граѓаните, рече Заев.

Понатаму во интервјуто, тој вели дека ќе бидат објавени и снимки кои го покажуваат предавството на сегашната власт по однос на спорот за името на Македонија.

Поврзани новости