Заев ќе ги објави и преостанатите „бомби“, ако Груевски не го повлече спорниот закон

by Фокус

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев најавил дека ако не добие уверување дека законот за забрана на „бомбите“ ќе биде повлечен, тој утре ќе ги објави сите преостанати „бомби“, информира порталот Плусинфо

Во Клубот на пратениците преговорите за изборната регулатива се блокирани, а главна тема е скандалозниот закон. Во меѓувреме се очекува на преговарачите да им се обрати и еврокомесарот Јоханес Хан, со барање законот да се повлече.

Утре во 18 часот против законот ќе протестира и платформата „Ајде“, а за протести се спремаат и новинарите, кои се вџашени од иницијативата на владејачките партии.

Поврзани новости