Заев: Иванов изврши државен удар!

by fokus

-Ѓорге Иванов, со одлуката да не го додели мандатот за состав на нова влада, со што е обврзан со Уставот на Република Македонија, изврши државен удар. Тој прави уставно државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи од пратенците во Собранието и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување Иванов пак се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во јавното обраќање, откако претседателот Ѓорге Иванов одби да му го додели мандатот за состав на влада.

-Сакам јавно да порачам дека ниту јас ниту СДСМ нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични, политички и криминални цели.  Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации. Да останеме смирени на линија на демократските процеси, којшто водат кон формирање на нова реформска влада. Сето ова што сега се случува сме го виделе и претходно од Никола Груевски и неговите соработници, како Ѓорге Иванов. Груевски тоне, но нема да дозволиме да ја потоне и Македонија. Иванов мора да ја повелече оваа одлука и веднаш да го додели мандатот за формирање на новата влада, затоа што Уставот го обврзува на тоа – порача Зоран Заев.

Поврзани новости