Заев: Има други опции за Законот за јазици, но правниците не ми кажуваат кои се

by fokus

Правниците во Владата и во Собранието разработиле други механизми за решавање на проблемот околу Законот за употреба на јазиците, но битно е ниту една институција да не биде блокирана, изјави премиерот, Зоран Заев, во врска со ќор сокакот во кој се најде Законот откако претседателот на државата одби да го потпише указот.

-Според правниците има уште неколку опции, ама не ми кажуваат кои се, затоа што мора да има извесност во ова решавање. Важно е парламентот и претседателот да си ги знаат своите надлежности. Оваа одлуа на претседателот да не го потпише указот, значи дека е блокирана надлежност на парламентот, а не смее ниту една институција да биде блокирана – рече Заев.

Тој додаде дека засега единственото познато решение е да биде побарано толкување од Уставниот суд за одлуката која ја донесе Иванов.

Поврзани новости