Заев и германската амбасадорка разговараа за реформи во судството

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Р.Германија во Р.Македонија, Кристине Алтхаузер.

Тема на разговорот беше потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена Влада кон реформските приоритети.

-Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Режимот е срушен со пенкало и глас. Исто така, силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата, рече Заев.

На средбата беа посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе.
Разговарано е посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава.

Поврзани новости