Заев и Ахмети се договориле за владиниот состав

by fokus

Завршени се разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ во врска со владиниот состав, потврди денеска пратеникот на ДУИ, Артан Груби, но не кажа повеќе детали што се договориле двајцата лидери.

-Завршени се тие работи меѓу Ахмети и Заев – изјави Груби по завршувањето на прес-конференцијата во врска со амандманската расправа за законот за јазиците.

Министерот за правда Билент Салиу не сакаше да даде изјава за тоа дали ќе ја задржи министерската функција, но кажа дека тоа зависи од договорот меѓу политичките партии коалициски партнери во Владата.

Поврзани новости