Заев и Ахмети денеска разговарале за принципите

by fokus

На денешната средба на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети се разговарало за принципите на соработка, реформската Влада и интеграциите во Европската Унија и во НАТО, информираат во краткото соопштение од СДСМ испратено по средбата која се одржа денеска во нивното партиско седиште.

-Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства, се вели во соопштението.

Поврзани новости