Заев: Груевски бара да се уништи оригинал документ, за да се заштити сопругата на претседателот

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска објави и телефонски разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и екс министерката Гордана Јанкулоска, во кој според Заев, договараат како да се уништи документ од архивата на МВР, а со кое некој се жалел од сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова.

Од разговорот можеше да се заклучи дека писмото до МВР против сопругата на претседателот го испратил вработен од Агенцијата за воздушна пловидба, а премиерот Груевски од Јанкулоска бара оригиналот да исчезне, а доколку се појави фотокопија ќе се негира дека е релевантна.

Јанкулоска го смирува премиерот и му вели дека оригиналот е кај неа во фиока, на сигурно.

Заев истакна дека во снимките го немало претседателот, но затоа се појавила неговата сопруга која менувала директори.

Поврзани новости