Заев: Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме државните институции на Турција

by fokus

Премиерот Зоран Заев на прес конференцијата по средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека тој го осудил обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

-Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече Заев.

Потоа тој додаде дека со неговиот турски колега разговарале за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.

-Постои интерес од страна на компаниите од Турција за инвестирање во Република Македонија, посебно по стабилизацијата на политички план и отворените перспективи на нашата држава кон Европската унија и кон НАТО. Благодарни сме на Република Турција за големата поддршка што ја дава оваа наша пријателска земја и на полето на инвестициите и за интеграциите на Република Македонија во НАТО. И инвестициите и членството на Република Македонија во НАТО се важни за економскиот развој на нашата држава, како и за остварувањето на нашите стратешки цели и секој искрен пријател на Македонија е драгоцен, а посебно кога станува збор за традиционален, докажан пријател како што е Турција, рече Заев.

Поврзани новости