Заев: Доколку Договорот со Бугарија е штетен, Парламентот има обврска да не гласа

by Fokus

– Договорот со Бугарија отвора сериозни перспективи за Македонија. Во самиот договор Македонија има големи придобивки. Договорот ќе биде склучен и конечен кога ќе го ратификува Парламентот. Сè претходно е процедура која што се спроведува согласно законите и позитивната политичка волја, вели премиерот Зоран Заев, на барањата на опозицијата за декласификација на содржината на договорот, кој според најавите ќе биде потпишан на 2 август во Скопје.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање вчера во Штип рече дека првиот дел од процедурата налагал според Виенската конвенција, за нешто што не е потпишано, да се разговара на затворена седница, и дека сега следува вториот дел, на дискусија во Владата.

-Ако е нешто на штета на Македонија, Парламентот има одговорност директно пред граѓаните и тој нема да гласа. Ако е нешто добро за Република Макеоднија Парламентот ќе гласа. Сакам да знаете дека јас, како упатен политичар кој што и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да и фали на Македонија во нејзините перспективи, рече Заев.

Тој повтори дека Договорот е севкупен бенефит за сите граѓани и затворање на едно проблематично поглавје.

Поврзани новости