Заев: До 29 јануари Груевски треба да каже дека не може да формира влада

by fokus

Јас сум убеден дека Никола Груевски не може да формира влада, режимот дојде на крај, ВМРО со Груевски треба да оди во опозиција, тоа им е јасно и покрај мандатот што го има. Ние ќе го почитуваме рокот до 29 јануари кога самиот Груевски треба да каже дека не е во можност да формира влада, изјави Зоран Заев во Куманово, пренесе Канал 77.

 На новинарско прашање за средбите со ДУИ, Заев вели дека начелно е разговарано само за позициите на СДСМ и ДУИ, но дека се уште немаат ништо конкретно.

„Најавени се нови средби и тогаш ќе има и прецизирање на ставовите”, изјави Зоран Заев во Куманово.

Поврзани новости