Заев: Денеска не паѓа само дожд во Македонија, паѓа и Никола Груевски

by Fokus

„Денеска цел ден паѓа дожд. Не паѓа само дожд во Македонија, паѓа и Никола Груевски. Паѓа ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија. Ќе падне и во Кочани, заедно со неговиот Ратко, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Кочани.

– Од вечерва почнуваме ново поглавје. Ни се испразнија градовите и селата. Да покажаме дека завршува владеењето на сите градоначалници послушници на Груевски. Вечерва имам добри вести за Кочани. Николчо Илиевски ќе биде новиот градоначалник. Нашите анкети покажаа дека Николчо е најпосакуваниот кандидат од сите кандидати во цела Македонија – истакна Заев.

 

 

Поврзани новости