Заев денеска на средба со Ципрас во Давос

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од денеска до 26 јануари, ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, на кој оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот.

Премиерот Заев, денеска ќе се сретне со Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас.

Како дел од активностите, Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Средбата е планирана да се оствари на 26 јануари, во петок.

Истиот ден во агендата на премиерот е и средбата со директорката за Европа на Светскиот економски форум, Мартина Ларкин.

Во текот на овој работен престој на Светскиот економски форум во Давос, Заев ќе ги проследи специјалните обраќања на Емануел Макрон, претседател на Франција, Жан Клод Јункер, претседател на Европска Комисија, Тереза Меј, премиерка на Велика Британија, Бенџамин Нетанјаху, премиер на Израел, и Ангела Меркел, канцеларка на Сојузна Република Германија.

Поврзани новости