Заев денеска на неформален состанок со премиерите од Западен Балкан кај Могерини

by Fokus

Премиерот Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан вечерва во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.

На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата.

– Европската унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се наведува во соопштението од ЕУ.

Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.

Поврзани новости