Заедничка владина седница на Македонија и Албанија во Поградец

by fokus

Владите на Република Македонија и на Република Албанија, ќе одржат заедничката меѓувладина седница на 15 декември 2017 во Поградец, Албанија. Тема на разговори ќе биде унапредувањето на заемната билатерална активност  и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите сфери.

„Со оглед на меѓусебните заложби од регионалната соработка ориентирана кон Европската Унија, Берлинскиот процес, целите зацртани на Самитот на Јадранската повелба во Трст и создавањето на регионална економска зона, во фокусот на меѓувладината седница ќе биде унапредувањето на меѓусебната поврзаност и инфраструктура, олеснувањето на размената на стоки и услуги како и зајакнување на соработката во областа на безбедноста“, велат од македонската Влада.

Ова е прва заедничка меѓувладина седница помеѓу владите на Република Македонија и Република Албанија.

Поврзани новости