Забрана за работа за агенцијата „Венера“ од Битола, која ги измами студентите

by Fokus

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана на работата во работната просторија на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата – „Венера“ од Битола, во траење од триесет дена и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Поврзани новости