Забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини

by fokus

Поради новите снежни врнежи повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово-Дебар.

Снег со слаб интензитет утрово паѓа низ цела Македонија и сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, информираат од АМСМ.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани-М. Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Поврзани новости